Оваа веб страница користи колачиња за да ви овозможи подобро корисничко искуство.Подесување Затвори
0
Во кошничка 0 MKD

  • Почетна
  • Инфо содржина

Упатство за процесот на купување



Најчесто поставувани прашања

Тука Ви ги нудиме одговорите на најчесто поставуваните прашања. Доколку не го пронајдете одговорот на она прашање кое Ве интересира, поставете ни го на info@bubamara.mk

Како да ги купувате онлајн производите на Бубамара?
Мило ни е што одлучивте да ја посетите нашата интернет продавница. Прочитајте неколку совети како процесот на купување да го обавите брзо и едноставно.


1.Одбравте производ од нашата онлајн продавница, како да го направите првиот чекор за купување?

Ја погледнавте онлајн понудата на Бубамара и пронајдовте интересен производ кој сакате да го купите. Производите можете веднаш да ги додадете во кошничката само со клик на копчето: „Додади во кошничката“. Производите кои ги имате додадено во кошничката можете да ги погледнете само со клик на иконата која се наоѓа во горниот десен агол. Со клик на сликата на производот ќе дојдете до деталниот опис за производот. Прикажан е производ со опис, но избраните сеуште не се во Вашата кошничка.

2. Ставање на производите во кошничка
Во моментов Ви е отворен деталниот опис на производот, го избравте оној кој го сакате и сакате да го купите. Под цената на производот се наоѓа копче „Додади во кошничката“. Кога ќе клокнете на копчето, производот го префрлувате во кошничката, а тоа можете да го проверите со клик на иконата кошничка. Со помош на маусот можете да се преместувате од категорија во категорија и доколку сакате да додадете нови производи во кошничката, се што треба да направите е да ја повторите претходно опишаната постапка.

3. Преглед на кошничката – Можност за промена на количините на одбраните производи или вадење на производи од кошничката
Во кошничката имате ставено еден или повеќе производи. Ако сакате да видите кои точно производи сте ги одбрале, тоа можете да го направите со клок на иконата во вид на кошничка која се наоѓа во горниот десен агол. Ако сакате да не купите еден од претходно избраните производи, треба да кликнете само „Исфрли“, копче кое на наоѓа на левата страна, лево од сликата на производот. Исто така, можете и да ја промените избраната количина на избраниот производ.
Сега веќе ги имате избрано производите кои сакате да ги купите. Во кошницата со производите се наведени и цените на производите, износот на поштарината и вкупната вредност без пресметан ДДВ. Под оваа сума, се наоѓа и цената на производите со пресметан ДДВ од 5 или 18%.

4. Го завршивте процесот на избор? На овој начин можете да ги внесете Вашите податоци
Првиот чекор кој што треба да го направите е да одберете дали сте ФИЗИЧКО или ПРАВНО ЛИЦЕ.
Во второто поле ги наведувате Вашите основни податоци.
Во полето Напомена/Коментар го пишувате Вашиот коментар за наведената нарачка.
Начин на плаќање.
Наведете го Вашиот начин на плаќање.
По примање на нарачката.
Вирманско плаќање.
Достава.
Дополнително: Ако сакате да додадете друга адреса за достава на производите, кликнете на „Адреса на достава“ и запишете ги потребните податоци.
Откако ќе ги внесете сите потребни податоци, кликнете на „Прегледај ја нарачката“ и уште еднаш проверете дали сте ви нарачале сите потребни податоци. Потоа потврдете ја нарачката со кликање на „Затвори ја нарачката“.

5. Потврда за купувањето
По затворањето на нарачката (со кликот на „Затвори ја нарачката“) запишана е Вашата нарачка со Вашите лични податоци, податоците за избраните производи, цените со и без ДДВ (кој изнесува 5 или 18%) , цената за достава и вкупниот износ. Во моментот кога ќе ја заклучите нарачката, на Вашата email адреса ќе Во испратиме потврда дека истата е примена од наша страна. Исто така, ќе бидете и известени за моменталниот статус на Вашата нарачка:
  • На чекање ( купувачот ќе прими email известување дека нарачката е примена)
  • Во подготовка (по пат на email, купувачот ќе биде известен за постапката на обработка на неговата нарачка, се проверува дали нарачаните производи се наоѓаат на залиха)
  • Не е на залиха (ако производот го нема на залиха, купувачот ќе прими email дека производот кој го бара го нема на залиха)
  • Достава (купувачот добива известување по email дека нарачката е испратена)
  • Заклучено (статусот „заклучено“ означува дека пратката е доставена, а сметката платена, купувачот добива известување за направеното купување)

6. Како да дознаам дали производот го има на залиха и кога ќе биде доставена?
Ако производот го има на залиха, тој ќе биде доставен во Скопје во рок од 24 часа, односно од 3 до 5 работни дена низ Македонија. Во случај производот моментално да го нема на залиха, купувачот во најкраток можен рок ќе биде известен за тоа, односно дека овој производ не може повеќе да се нарача. Ден пред производот да биде доставен, по пат на email ќе добиете известување дека „Процесот на купување е заклучен“.

7. Какви се трошоците за достава?
Трошоците за достава за секое купување на интернет изнесуваат 150 денари за пакет до 10 килограми, односно бесплатно ако нарачката надминува износ од 1.500 денари.

Бидете секогаш во тек со новите акции на Бубамара.мк

Регистрирај го својот емаил, а ние ќе те извесуваме за нашите акции, секогаш кога ќе има некоја нова. Не ги пропуштај суперцените, биди во тек! Но, тоа не е се, со самата регистрација, добиваш и 10% попуст при следното онлајн купување.

Шопингувај на www.bubamara.mk и секогаш подари му го најдоброто на своето малечко! Одбери Бубамара.мк бидејќи ги има најдобрите играчки и бебешка опрема!

Бубамара.мк , секогаш тука за вас!